„Ботокс во чаша“ е вистинско чудо: Ги топи мастите, ги брише брчките како гума, а се пие само навечер
Овој пијалок за многу кратко време стана вирален бидејќи голем број жени потврдија дека по редовното консумирање забележале дека тенот им е поубав, а притоа побрзо ослабнале.
Сигурни сме дека знаете дека за убав и свеж тен и за спречување на брчките исто така е многу важно што внесувате во вашето тело, не само каква е вашата генетика и рутина за убавина, а често истите фактори влијаат на виталноста на целото тело.
Затоа не е изненадување што еден пијалок стана вирален речиси преку ноќ, а илјадници жени потврдија дека забележуваат забележлива разлика и кога е во прашање лицето и телото.
Компоненти:
2 излупени портокали
4 до 6 моркови или половина пакување „бебешки“ моркови
3 см исечен ѓумбир
1/3 чаша вода
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во соковник, а потоа процедете ги. Ако немате апарат за ладно цедење, можете да ја процедите добиената смеса преку газа или чиста памучна крпа.
Се консумира еднаш дневно и идеално пред спиење, за здравите состојки да ја направат својата „магија“. Доколку комбинацијата ви е јака, најдобро е да започнете три пати неделно, па постепено да зголемувате, а во рок од еден месец ќе забележите промена на изгледот на кожата и телото, пишува Wanted.rs.
Зошто го нарекуваат ботокс во чаша?
Многу е едноставно... сите овие состојки се богати со витамин Ц и го стимулираат производството на колаген, за кој е познато дека влијае на убавината на кожата, косата и ноктите.
Научно е докажано дека витаминот Ц ја зголемува синтезата на колагенскиот протеин, кој служи за обновување на оштетената кожа. Кога ќе додадеме витамин Ц од портокали и ѓумбир и витамин Б од моркови, добиваме формула која одлично влијае на целокупниот изглед на нашето лице.
Крстарица