Бред Пит со искрено и емотивно интервју: Со години сонувам ист кошмар,срцето ми е скршено, цел живот сум осамен

Насловната страница за август на магазинот „GQ“ овојпат ја краси Бред Пит, а холивудскиот актер во искрено, трогателно интервју на јавноста ѝ даде увид во некои од неговите најинтимни чувства, што е вистинска реткост. Имено, Пит во текот на повеќе од три децении кариера ретко бил отворен за јавноста, па затоа е изненадување неговата подготвеност да признае како се чувствува.

Славниот 58-годишник успеа повторно да најде позитивност по болниот развод со Анџелина Џоли во 2016-та година, но од друга страна, тој е убеден дека секој маж во одреден период од животот чувствува страшна болка во срцето.

Тој за „GQ“ истакна дека емотивните превирања и длабоката тага се неизбежен дел од растот.


„Мислам дека сите имаме скршени срца. Отсекогаш се чувствував многу осамен во мојот живот, бев осамен како дете, осамен сум сега, овде, и навистина до неодамна не можев да го почувствувам прифаќањето на семејството и пријателите“, кажа тој.

„Каква е таа линија, без разлика дали Рилке или Ајнштајн така кажале, верувале или не, но тоа е нешто во врска со тоа, ако можете да живеете со таков парадокс, кога чувствувате и силна болка и вистинско уживање, тоа е зрелост, тоа е раст“, ​ додаде тој.


И покрај преовладувачкото чувство на изолација на Пит, тој призна дека ја нашол својата заедница и пријатели кога решил да се откаже од алкохолот во 2016-та година. Веднаш по разводот, тој помина 18 месеци редовно присуствувајќи на состаноци на анонимни алкохоличари, притоа прифаќајќи ги основните принципи на групата за апстиненција од сите супстанции кои влијаат на умот.

„Имав многу кул група мажи кои беа навистина приватни и одбрани, така што беше безбедно“, искоментира тој.

Бред исто така призна дека отсекогаш имал чувство дека наскоро ќе биде осуден на пропаст, како и дека често го мачи еден ист сон што се повторува, во кој е брутално прободен.


„Некои солидни четири или пет години преовладуваше сонот како некој скокна и ме прободува. Ќе се разбудев од страв. Не разбирав зошто би сакале да ме повредат. Ова престана пред година или две , кога почнав да се враќам на тој сон и само да прашувам „Зошто?“, откри тој.


Актерот најави и крај на кариерата, нагласувајќи дека улогите за кои моментално добива понуди не ги исполнуваат неговите критериуми: „Мислам дека сум во последниот семестар или квартал“.


Извор: zena.blic.rs