Брз и едноставен рецепт: Посно медено срце

Во овие посни предвелигденски денови, Ви предлагаме еден вкусен рецепт кој е многу лесен за подготовка. Станува збор за посен колач без масло. Тајната состојка на овој вкусен колач е Пелистерка газирана. Идеален е за да им го послужите на Вашите пријатели со филџан топло кафе или чај и нормално, Пелистерка! Уживајте во овие посни вкусови...

Потребни состојки:

- 2 шолји Пелистерка газирана

- 2 шолји брашно

- 2 шолји шеќер

- 1 кесичка цимет

- 1 лажичка сода бикарбона

- 2 лажици какао

- 4-5 лажици посен џем од сливи или кајсии, по желба или пак мед како најдобра посна замена

Подготовка:

Измешајте ги добро сите наведени состојки. Тавчето покријте го со хартија за печење. Истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути.

Имајте пријатен апетит!