Брз рецепт за мафини со тиквици од готови кори: Одлични за појадок, но и за ручек!

Добивај вести на Viber

Фото: printscreen youtube

Ви пренесуваме уште еден брз рецепт - уживајте

Неопходни состојки:

1 мала тиквичка

2 јајца

180 мл кисела павлака

100 гр сирење

100 мл млеко

50 мл масло

1 кесичка прашок за пециво

250 гр кора за пита

3 супени лажици гриз

сусам по желба

Подготовка: Во садот додадете ги јајцата, павлаката, млекото, маслото, гризот, сирењето и прашокот за пециво и убаво измешајте. Потоа се додаваат ренданите и добро исцедени тиквички и сè се меша. Исечете ја кората на ленти. Добиените ленти протресете ги со раце, ставете ги во смесата од јајцата и сирењето и сè измешајте. Смесата истурете ја во 12 корпи, посипете со сусам и печете на 180 степени околу половина час.


Извор: stil.kurur.rs

*ПР објава