Букет на неделата: Цвет Протеа за храбри дами

Јазикот на цвеќињата е настанат во викторијанското време, кое го носи името по кралицата Викторија. Значи уште пред повеќе од 100 години, луѓето праќале пораки преку цвеќињата. Ако некој млад господин ѝ подарел букет на некоја млада дама, таа веднаш трчала дома и се обидувала да го дешифрира неговото значење. Да ја дознае тајната порака, која нејзиниот љубен сака да ѝ ја каже. 

Уште оттогаш се знаело дека црвената ружа значи љубов, а жолтата неверство. Затоа, во тоа време младите момци многу внимателно ги одбирале цветовит, кои им ги подарувале на своите избранички. Ако подарите ваков букет, каков што Сончевина ви одбира за оваа недела, еве каква приказна и порака ќе пратите на вашата љубена. 

Овој прекрасен и доминантен цвет во средина се вика Протеа. Неговото значење е храброст. Со розеникавиот каранфил, ќе и кажете дека - никогаш нема да ја заборавите. А, со кралскиот Крин ќе пратите порака дека таа е величенствена за вас. Имам храброст да бидам цел живот со тебе, бидејки ти си величенствена за мене, вели овој „Сончевина“ букет на неделата. 

Дојдете кај нас, или порачајте на нашата фб страница. Цветен поздрав и цветни мисли. Цветна галерија Сончевина.