Цеца и Богдан слават една година љубов: Секој ден ни е како годишнина

-Многу ми е убаво во врската, среќна сум и задоволна - изјави Цеца Ражнатовиќ.

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ не крие дека е емотивно исполнета, откако е во врска со менаџерот Богдан Срејовиќ.

Имено, тие двајца за прв пат беа „фатени“ во јавноста на почетокот на оваа година, а оттогаш привлекуваат големо внимание каде и да се појават и секој нивни чекор се следи внимателно, а многумина коментираат дека насмевката на пејачката кажува колку таа ужива во таа љубов.

Иако се шпекулираше дека врската ја започнале на крајот на 2020 година, Цеца за TelegrafJetset откри дека на 18 декември ја одбележуваат годишнината од врската, но и како ќе го прослават тој посебен ден.

- 18 декември ни е годишнина ... Секој ден за нас е како годишнина. Многу ми е убаво во врската, среќна сум и задоволна. И тој, а тоа е всушност најважното. Тој ден нема да ни значи ништо повеќе од сите други кои се зад нас – изјави таа. 

Да потсетиме, Цеца и Богдан заедно се појавија во јавноста на 13 јануари 2021 година, но уште тогаш се претпоставуваше дека љубовта започнала порано.

Нивното запознавање се случи на роденденот на пријателката на Цеца, а по неколкунеделното дружење започнаа романтична љубовна врска.

Заминувањето на Ражнатовиќ во Крагуевац на 19 јануари годинава, на крштевката на семејството Срејовиќ, потврди колку оваа врска била сериозна од самиот почеток, а сето тоа го забележал тимот на TelegraJetset.

Заедничките фотографии на Цеца и Богдан во изминатата година, погледнете ја галеријата подолу:


извор: telegraf.rs  фото:instagram