Цеца и Карлеуша се смирија: Заврши долгогодишната војна меѓу пејачките

По макотрпните судења меѓу пејачките Јелена Карлеуша и Светлана Ражњатовиќ, на војната конечно ѝ дојде крај.

Имено, медијацијата успеа, а тоа го потврди и Цеца по излегувањето од судот. Карлеуша пак овојпат остана воздржана од коментари.

Потсетуваме дека медијацијата се однесува на процес на мирно решавање на спорот меѓу двете страни, со помош на неутралната страна- медијатор.