Целото лице ѝ е прекриено со акни: Девојка објасни како таблетите за контрацепција ѝ ја уништиле кожата (ФОТО)

Ваквата состојба на кожата на лицето значително влијаела на нејзината самодоверба.
На Кајри Грин од Лестершир акни за прв пат започнале да се појавуваат во октомври 2019 година, кога се префрлила на нова контрацептивна пилула, и за време на карантин, ситуацијата брзо ескалирала.
Во обид да ги смири симптомите, Кајри престанала да зема контрацептивни средства, но штетата веќе била видлива, па морала да побара лекарска помош.
-Мислев дека акните ќе ми исчезнат, но згрешив. Во текот на следните неколку месеци, акните станаа посериозни и болни - рече Кајри, која потоа објасни дека никогаш порано немала проблеми со кожата.
Одење на лекар
Кајри била кај многу дерматолози, како и кај матични лекари, кои и рекле дека за се ѐ виновен синтетичкиот хормон во апчињата за контрацепција што ги пиела пред две години.
Таа потсети дека еден дерматолог бил шокиран од сериозноста на нејзиниот проблем со кожата и дека „направил гримаса“ кога таа ја симнала маската од лицето.
Нејзиниот општ лекар и препишал четиримесечна антибиотска терапија, што ги подобри симптомите на Кајри.
Прифаќање на сопствената кожа благодарение на Инстаграм
Нејзината кожа се опоравила со текот на времето, а акните сега се појавуваат само за време на циклусот, но таа вели дека ова се „помали проблеми во споредба со агонијата низ која поминала“.
Таа храбро го документираше своето искуство на живеење со акни и процесот на лекување на Инстаграм, но забележува дека чистата кожа „не е клучот за среќата“. Таа должи посебна благодарност до интернет заедницата на луѓе кои страдаат од акни, бидејќи и помогнаа да ја прифати нејзината кожа и да се помири со она што и се случило.
- Не можев да се погледнам во огледало. Единственото нешто што го направив беше фотографирање на моето лице за да го документирам напредокот или регресијата на состојбата на мојата кожа. На пат кон опоравување, бев среќна за поддршката што ја добив на Инстаграм, како и од моите најблиски - објаснува Кајри, и додава:
- Откако почнав да објавувам фотографии од моите акни на Инстаграм, ја прифатив мојата кожа и сфатив дека акните се нормални. Лесно е да се мисли дека совршената кожа е одговор на сите ваши проблеми, но не е.
Важно е да ги знаете сите несакани ефекти
Кајри верува дека е важно жените, особено тинејџерите, да се едуцираат за несаканите ефекти пред да започнат со земање апчиња за контрацепција.
- Пилулата негативно влијаеше врз животот на многу жени и мислам дека е важно да им се објасни, особено на младите девојки, кои се можните несакани ефекти и што би можеле да доживеат - заклучи Кајри за британски „Дејли Меил“, и додаде:
- Никогаш нема да се вратам на хормонална контрацепција бидејќи не ми одговара. Се чувствувам толку слободно што не ја користам повеќе.
Извор: магазин.новости.рс
Фото: инстаграм