Чизми во кои нозете изгледаат подолги и повитки: Најпосакуваниот модел што наголемо се врати во мода
Доколку барате чизми во кои визуелно вашите нозе ќе изгледаат подолги и послаби, има само еден одговор, а познатите трендсетерки покажаа како да ги комбинирате за совршени аутфити
Што се однесува до обувките, да бидеме искрени – никогаш не ни е доста, особено во зима, кога изборот е поограничен во однос на потоплите сезони. Сепак, понекогаш, само еден добар пар чизми е доволен за да го подигнете вашиот аутфит на ново ниво и да изгледате фантастично.
Еден модел особено се истакна на радарот на модните девојки, имено тоа се чизмите над колена, а една од главните причини е што ги прават нозете повитни и подолги, како и нивната прилагодливост, иако не изгледа така на почетокот.
Ако се одлучите за чизми над колена, погрижете се да не оставите голема празнина помеѓу чизмите и облеката како здолниште или фустан.
Познатите личности како Ријана, иконата на американскиот стил Оливија Палермо и Клои Кардашијан ги обожаваат овој тип на чизми.
Судејќи според понудата на продавниците, оваа сезона главна улога имаат црните модели од сјајна или превртена кожа, а има и лакирани верзии кои несомнено го издигнуваат секој зимски стајлинг. Од уличен стил до ревии на дизајнерски брендови, моделите ги има насекаде и се вистински тренд.
Извор: elle.rs