Драма: Боки 13 ја напушти емисијата во живо поради полиција во неговиот дом: Се врати и објасни

Добивај вести на Viber

По првиот поткаст кај јутуберот Стефан Лазаров, Бојан Јовановски- Боки 13 најави втор поткаст.

Токму вечерва кога гостуваше, во еден момент мораше да го напушти студиото откако му јавија дека има полиција во домот кај неговите родители.

Според она што го кажа Боки првично, станува збор за пријава за загрозување на безбедноста која веројатно Зоран Милески – Кичеец ја поднесол до Јовановски.

Откако се јави на неговата мајка ја прекинаа емисијата во живо но се врати и кажа што се случило.

– Се слушнав со мајка ми, видно вознемирена, во два наврати доаѓало полиција во мојот дом во Тафталиџе. Ме бараат на информативен разговор. Пријавен сум по член 144 од КЗ, тоа е загрозување на безбедност. Моите информации велат дека Зоран Милески – Кичеец ме пријавил дека јас сум му ја загрозил безбедноста со тоа што сум споменал јавно и сум објавил дека тој стои позади заканите и тој е човекот што сакаше да ме замолчи, рече Јовановски.