Црвено-бела амајлија: Зошто на први март носиме мартинки?

Тешко дека постои Балканец или Македонец кој не слушнал барем едно или две верувања поврзани со Баба Марта или не слушал легенди за потеклото на овој антички обичај.
Дали знаевте дека обичајот да се врзува мартинка, е всушност пагански?
Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Во чест на први март, девојките и жените плетеле алки - Мартинки.
Традиционалните мартинки кои се прават на овој ден ја симболизираат пролетта, но и доброто здравје. Мартинките се традиционален украс од бел и црвен конец, кој се плете во вид на нараквица и се закачуваат на првиот ден од месец март. Црвената боја на мартинката значи живот, а белата чистота и здравје. Со конец се изработуваат разновидни фигури во овие две бои, меѓу кои најпозната е фигурата на момче и девојче.
Мартинката се подарува во чест на Баба Марта и истата се носи на левата рака или закачена на облеката. Се вели дека подарената мартинка е знак за топло пријателство и среќа. Затоа подарете мартинка и направете некого среќен.
Мартинката може да се отстрани и на прв поглед на штрк, ластовичка, или дрво кое расцветало.
Колку што сите знаеме, мартинките се направени од две изпреплетени нишки - црвена и бела боја. Црвената боја, според популарното верување, има моќ на сонцето и му дава виталност на секое суштество. Белата боја ја симболизира чистотата, невиноста и радоста.
Во нашите традиции, белата е знак на убавина, а црвената е боја на виталност, здравје и љубов, победа, живот и храброст.
Иако мартинката се смета за уникатна традиција особено во соседна Бугарија, таа е присутна и во Романија. Таму, мартинката се нарекува „марцизор“ и ја носат само жени, а во северна Грција ја носат само децата како нараквица направена од изпреплетена бела и црвена нишка. Обичајот е зачуван и во други земји.
Во поново време, овој обичај поретко се негува од поновите генерации.