Да беше животот поправеден, денес ќе прославувавме роденден на татко ми: Сузана Турунџиева со емотивна објава

Водителката, пејачка и професорка по музика Сузана Турунџиева често споделува дел од нејзиното секојдневние на социјалните мрежи. Таа овој пат со емотивна објава го обележа роденденот на својот татко Васко.



- Татковците (исто како и мајките) имаат само ден на раѓање - 26.06.1939
Да беше животот поправеден, денес ќе го прославувавме 83-от роденден на татко ми Васко. Но и тој, по одлука на судбината, а наспроти нашата силна волја да живее, пред 30-тина години се впиша во клубот „Вечно млади"... И се уште неописиво ми недостига - напиша Турунџиева во описот на фотографијата.