Денес е празник на Пресвета Богородица: Не заборавајте да го направите ова пред спиење ако сакате да ве следи среќа и здравје!

Денеска го славиме Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград, а овој древен празник е востановен во 5 век.

Верниците на Македонската православна црква денеска го слават празникот Полагањето на ризата на Пресвета Богородица.

Никогаш не заборавајте да го спомнете името на Пресвета Богородица пред да заспиете! Не заборавајте да ја прочитате познатата молитва „Богородице Дево, радувај се, Милостива Маријо, Господ е со тебе!“ Ти си блажена жена и благословен е плодот на твојата утроба, затоа што ти го роди Спасителот на нашите души!

Во времето на царот Лав Велики (458–471), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. 

Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема радост. Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква.


Фото: Printscreen/Youtube