Детал од 1500 евра: Северина со досега необјавена фотка со синот

Добивај вести на Viber

Северина на Инстаграм објави фотографија со својот син Александар, која е направена во 2017-та година во Сплит.

„Југо ... Декември 2017-та година“, напиша кратко Северина под фотографија на која на синот му го средува палтото. На фотографијата, Северина носи чизми потпишани од модната куќа „Баленсијага“, чија цена е околу 12.000 куни, односно 97.620 денари или околу 1500 евра.


„Колку убавина на една фотографија“, „Љубов најсилна, најискрена, нераскинлива“, коментираа следбениците на пејачката.

Игор Којиќ во тоа време беше со нив во Сплит, што откриваат фотографиите на Северина од тој период. Последниве денови српските медиуми пишуваат за наводната кавга помеѓу Северина и семејството Којиќ.

Инаку, Северина го виде својот син на почетокот на мај по разделба од повеќе од еден месец, а претходно беше и уапсена во Белград.

Северина се забавува во карантин правејќи „СеВеТеВе“.