Српските медиуми известуваат дека пејачката Северина Којиќ вечерва околу 21 часот била сопрена од полицијата во близина на Трговскиот центар „Оков“, на улицата „Партизанске авијације“ во Белград.
Полицијата го сопрела автомобилот БМВ со загребски регистерски таблички, а по проверките било утврдено дека пејачката немала дозвола за движење за време на полицискиот час и затоа била приведена, пренесуваат Новости.
Таа моментално ќе биде изнесена пред прекршочен судија.
Извор: novosti.rs