Од коронава нешто добро: Калиопи, Северина и Кеба ја пеат Битола мој роден крај

Добивај вести на Viber

Северина и нејзиниот свекор Кеба, ја поздравија земјава и сите обожаватели на Калиопи со македонскиот евергрин „Битола мој роден крај“. Пред да започнат со македонската народна песна, Кеба го испеа и неговиот безвременски хит „Икона си моја“.

„Вака беше синоќа на Instagramlive
Двајца прекрасни луѓе, две благородни суштества, ни ги разубавија минутите што ги поминуваме заедно во живо на инстаграм...Од тоа нивно изненадување зедовме повеќе светлина и позитива за овие денови во изолација ... Ви благодарам мои прекрасни Северина и Кеба...“, напиша Калиопи на фејсбук.

Уживајте . . .