Седи си дома: Утревечер уживај во музиката на Калиопи

Добивај вести на Viber

Веќе повеќе македонски изведувачи ги користат социјалните мрежи за да ги забавуваат своите обожаватели. Момците од ДНК вчера имаа одличен концерт, кој преку live stream можеше да следи на нивните профили на Фејсбук и Јутјуб, а за утревечер средба закажува пејачката Калиопи Букле.

„Утре вечер пееме повторно заедно, бидејќи музиката и насмевката лечат сѐ! Сега е време да ги избереме песните! Која песна би сакалe да ја пеете со мене? Ќе ги пееме оние 3 песни кои што ќе имаат најмногу гласови од вашите предлози на Twitter, Facebook, Instagram и YouTube“ - стоеше во објавата на Инстаграм на Калиопи.

View this post on Instagram

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official) on