Дете кое во земјава учело 11 години, научило само како за 7,3 години: Најнов извештај на Светска банка за нашето образование

Дете родено денес во Северна Македонија ќе достигне 56 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и здравствена заштита. 

На младите луѓе во регионот на Европа и Централна Азија им се даваат можности, кои им се потребни за да израснат во продуктивни возрасни лица, благодарение на континуираните инвестиции во здравството и образованието, во текот на нивното детство и тинејџерски години, се вели во последното ажурирање на Индексот на човечки капитал на Светска банка, кој ги мери резултатите од човечкиот капитал низ целиот свет пред пандемијата.

Сепак, пандемијата предизвикана од КОВИД – 19 се заканува на досегашните придобивки, додека владите се напрегаат да ги одржат здравствените и образовните услуги соочени со ограничувањата за заштита на јавното здравје, вклучително и затворање на училиштата.

Според Индексот на човечки капитал, дете родено денес во Северна Македонија ќе достигне 56 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и здравствена заштита. Тоа е пониско споредено со просекот во регионот на Европа и Централна Азија и земјите со висок среден приход. Во периодот помеѓу 2010 и 2020 година, вредноста на Индексот на човечки капитал се зголемил од 0.54 на 0.56.

Јаз во учењето кај нас од 3.7 години

Дете, кое во Северна Македонија  започнува со училиште на 4 – годишна возраст се очекува да заврши 11 години предучилишно, основно и средно образование додека да наполни 18 години. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се прилагодат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 7.3 години што значи дека има јаз во учењето од 3.7 години. 

Што вели Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и повеќе за земјите од регионот прочитајте на Фактор.мк