„Нема поубаво чувство да се биде татко, сопруг и да имаш формирано своја фамилија, ти благодарам Господе“: Ивица Јанев благодарен за семејството
Македонскито бодибилдер Ивица Јанев кој минатата година беше крунисан за балкански шампион на „IFBB“ шампионатот за бодибилдинг и фитнес, а пред една година стана европски бодибилдинг шампион, неодамна стана татко на уште еден син.
„Многу е поубав кога има искушенија, а истите и ги надминуваме. А најубав е, кога фамилијата се шири. Од двајца, сега сме четворица. Добредојде во фамилијата сине Агатон“, напиша Ивица на почетокот на месец април.
Ивица објави заедничка семејна фотографија со семејството, само една недела откако во нивното семејство радоста ја донесе малиот Агатон. Очигледно фитнес тренерот ужива со семејство сопругата Елена, поголемиот син Грегориј и малиот Агатон.
„Бев дете, сега имам деца. Нема поубаво чувство да се биде татко, сопруг и да имаш формирано своја фамилија. Ти благодарам Господе“, напиша Ивица Јанев инструктор и личен фитнес тренер.
Фото: ИнстаграмУтринско кафе со Ивица Јанев: Сакам да одам во крајности