Утринско кафе со Ивица Јанев: Сакам да одам во крајности

Добивај вести на Viber

Денот го почнувам со утринско кафе заедно со мојот најдобар другар - лаптопот. Уште рано наутро се обидувам да произведам некоја насмевка кај моите клиенти. 

Што се однесува до моите дневни планови и обврски, две работи се секогаш сигурни. Тренинг и храна. Утрото го диктира мојот дневен план во однос на тоа што се’ е на мојата дневна листа. Во текот на денот најчесто имам по некој состанок, а во останатото слободно време најчесто е чај или кафе со пријатели или по некоја прошетка во природа.

Ме инспирира мотивот за успех и среќата ја пронаоѓам во малите работи. Едноставноста и хармонијата кај моите родители ми се мотив за среќа, а воедно и успех. Се трудам од секоја ситуација да го најдам позитивното и убавото и да го сфатам како убава лекција. Секогаш можеме подобро и поубаво, така и јас се трудам да дадам максимум во секоја ситуација. Сакам да одам во крајности каде што другите не можат, а за тоа е заслужна и мојата професија.

Јас за завршен ден го сметам завршувањето на вечерниот тренинг, но секако овде не завршува денот. Потоа следува релакс време. Неколку пати неделно е масажа, но исто така знам да го поминам времето и пред ТВ со некоја емисија или документарец од историски карактер.

Практикувам и филм и книга. Кога станува збор за книга тоа е најчесто од репертоарот на професионална литература со која го надополнувам моето знаење. Додека кога гледам филм сум во потполен релакс мод и заборавам на светот околу мене.

* Ивица Јанев, личен фитнес тренер