Девојче (10) ѝ помогнало на својата мајка да се породи дома: Диспечер на Брза помош преку телефонот ѝ кажувал што да прави (ВИДЕО)

10-годишно девојче од Мисури ѝ помогнало на својата мајка да се породи дома, додека диспечерот од итни случаи преку телефон ѝ давал инструкции.

Маја Миракул Мур добила болки три недели порано, на 22 октомври, во нивнаот дом во Мисури. Бидејќи не можела да стигне во болница на време, ѝ кажала на ќерката да повика брза помош.

„Здраво, мислам дека мојата мајка се пораѓа“ - му кажала Миракул на диспечерот кога ѝ се јавил на телефон.

Диспечерот Скот Странгхоен на девојчето му дал низа инструкции, кои тоа ѝ ги пренесувало на својата мајка. Разговорот траел скоро 11 минути.

Во текот на разговорот, се слуша девојчето како зброува: „Немој да седиш на wc школката“, „Мамо, велат да легнеш на грб на средина на креветот или на под“, додека во позадина се слуша мајката како вреска.

Во еден момент, девојчето му кажала на диспечерот: „Стигнува, стигнува, овде е! Еве ја главата“.


Откако се родило бебето, диспечерот му кажал на девојчето нежно да ѝ ги избрише устата и носот на својата помала сестра, додаваќи: „Бидете многу внимателни, немојте да го испуштите бебето, ОК?“.

Тогаш стигнала Брзата помош која ги однела бебето и мајката на преглед во болница. Двете се здрави.

Мајката кажала дека е благодарна што постарата ќерка била со неа во моментот на породувањето.

„Тоа навистина беше чудо, бидејќи кога се породив, не можев да го фатам бебето и да го кренам, па дојде Миракул и го повитка во крпа“ - кажа мајката.

Миракул им кажала на медиумите дека била уплашена во текот на породувањето, но дека би сакала да биде докторка кога ќе порасне.

фото: Принтскрин / Јутјуб