Дијана на 17 години заминала во Америка без денар, не знаела ниту англиски: Денес го живее својот сон

фотo: Printscreen/youtube/TechCrunch

Инспиративна приказна за девојче кое стана инженер во лабораторијата за истражување на НАСА

Дијана Трухило помина долг пат да стане воздухопловен инженер во истражувачката лабораторија на НАСА во Пасадена. Но, вредеше!

Дијана е родена и порасната во Колумбија со самохрана мајка. Нивниот живот не бил лесен, а за тоа зборува и Дијана:

"Тоа беше многу опасно место за растење. Секогаш се плашев дека нема да дојдам дома безбедно". 

Единствениот мир го пронашла гледајќи во ѕвезденото небо над куќата и оттука започнал нејзиниот интерес за вселената.
Кога имала 17 години, Дијана решила да емигрира во САД. Со само 300 долари во џеб, таа се запишала на колеџ и започнала да посетува часови по англиски јазик додека работела како хигиеничарка.

Наскоро се префрлила на Универзитетот во Флорида, каде се пријавил во Академијата на НАСА. Тогаш и таму таа станува прва американска хиспаноамериканка во програмата. Оттаму оди во системот на НАСА во Вашингтон, каде се среќава со нејзиниот сопруг Вил Померантез.

Кога дипломирала воздухопловен инженеринг на Универзитетот во Мериленд во 2007 година, Дијана својот живот го претвори во книга за деца.

„Инженер за лабораториски науки на Марс, Дијана Трухило“ е книга што ги охрабрува децата да ги остварат своите соништа, без оглед колку се неостварливи.

За што сонува Дијана сега?

Бидејќи моментално е во мисија да го истражува Марс од Земјата, Дијана се надева дека ќе открие дека на Марс има живот. И кога тоа ќе се случи, таа ќе се стреми да исполни уште еден од нејзините соништа: да стане астронаут.

Нејзиниот совет до жените:
"Мојот совет е девојката / жената да се осами дома и да размисли добро за тоа што сака. Нека не размислува долго. Нека верува во себе.
Запишете ги вештините во кои сте добри, навистина добри. Што сакате да правите? Започнете да правите планови. Барајте луѓе кои успеале во она што го сакате. Откријте како овие луѓе дошле до таму, а потоа започнете да го остварувате вашиот сон. Ова навистина ќе ви помогне да останете на вашиот пат“, Дијана е сигурна.


извор:stil.kurir.rs