Дипломатски пасоши за Трајковски и Барди и селекторот Милевски: Вие сте нашите спортски амбасадори-Османи ги награди за успехот

Фото: Официјален Фејсбук профил на Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера им додели дипломатски пасоши на фудбалските репрезентативци, Александар Трајковски и Енис Барди, како и на тренерот на репрезентацијата на Северна Македонија, Благоја Милевски.

– Не само со победите над фудбалските велесили како што се Италија и Германија, туку и со севкупниот ваш придонес во успехот на нашиот национален тим, вие веќе сте нашите спортски дипломати и амбасадор, па најмалку соодветно е да го имате и симболот на дипломатијата – дипломатскиот пасош за вашите чести патувања, истакна Османи на средбата.


Нашата репрезентација веќе патува во Португалија, каде на 29 март ќе се натпреваруваат против домаќинот за евентуален пласман на претстојниот мундијал во Катар.