Добрите деца не се раѓаат, добрите деца ги воспитуваат добри родители!

Никогаш, никогаш не заборавајте дека децата се огледуваат на своите родители

Иако вистинскиот рецепт за добар родител не постои, врз основа на долгогодишно искуство и различни истражувања, создадени се 10 родителски заповеди кои, ако ништо друго, ќе ви помогнат да не бидете родители кои прават едно, мислат друго, очекуваат трето од нивните деца.

1. Не го спречувајте детето да поминува време на мобилниот телефон, а вие самите цел ден зјапате во него.

2. Не инсистирајте детето да оди на три тренинзи, додека вие седите во собата пред телевизорот.

3. Не ставајте здрава храна пред вашето дете додека се давите во пица и чоколадо преку улица, со задолжителната цигара после оброкот.

4. Не го опоменувајте вашето дете да чита книги, кога вашата последна прочитана книга е „Малиот принц“ во основно училиште.

5. Не очекувајте вашето дете да биде мирно, присебно и добро воспитано, додека вие смеете да викате, кршите и пцуете.

6. Не купувајте расно куче за детето, ако ги шутирате кучињата скитници на улица.

7. Не барајте детето да го сака и почитува училиштето, додека вие зборувате за наставникот како глупав, арогантен или необразован.

8. Немојте да бидете премногу зафатени за вашето дете, а потоа лежерно да одите на фудбал, маникир или во кафеана.

9. Не посакувајте детето да биде одговорни, а да заборавите да го земете од училиште, да платите екскурзија или да дојдете на негов натпревар.

10. Не бидете сурови кон вашите стари родители, а потоа да барате од вашите деца да ве почитуваат.

И никогаш, никогаш не заборавајте дека децата се огледуваат на своите родители. Сè што им замерувате, виделе од вас! Експертите тврдат дека до седумгодишна возраст детето веќе ги усвоило вредностите и начинот на однесување од неговата околина. Затоа е многу важно да се однесуваме онака како што сакаме нашите деца да се однесуваат уште од најраниот период на нивното растење.

Извор: www.kutaknet.com