Доста ми е од воодушевување на татковци кои чуваат деца, па нивни се, кој треба да им ги чува: Сара Мејс и сестрата на Димитар Атанасовски со моќна порака

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка и харфистка Сара Мејс на својот профил на Инстаграм сподели мисла од нејзината золва, односно сестрата на нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски.

Имено таа посочи дека и домашните работи како и грижата околу бебето треба да биде рамноправно поделена меѓу мажот и жената во домот, и дека ѝ е доста од воодушевување на татковците кои чуваат деца. „Па нивни се, кој треба да им ги чува? Бог да чува“ - напиша Сара.

„П.С. Муабетот „Помага ли таткото?“ уште еднаш ако го чујам и ќе ги отидам. Комшијата може да помага, таткото учествува. Дел е од целото. А не е спектатор. Аман -додаде таа.

Инаку постот на Марија Атанасовска гласи:

„Цел живот кога некој ќе ми кажеше, чекај ќе видиш кога ќе имаш деца, многу се нервирав и си викав аман јасно ми е деца имате  ама стварно било многу поразлично да си замислуваш хипотетички како ќе биде...многу работи што сум ги мислела веќе си ги побивам а и допрва ќе си ги побивам. Само во едно нешто никогаш не се сомневав и ми се потврди, за ова мораш мораш да имаш добар партнер со исполирана комуникација ,разбирање и грижа еден за друг, кога „mindsetot“ е како двајцата да се наспиеме по 5 саати, наместо јас 8 а ти 2, како да скијаме едниот па другиот а не само едниот а другиот да думка дете цел ден и за се се размислува вака само тогаш се ужива во родителството и секој момент е драгоцен. Алек многу поминавме, ама универзумот знае дека што и да ни сервира заедно ќе го пребродиме . Људите се како кондури идат у пар“ 


Таа сподели и фотографија од синот Јаков и сопругот Алек како ѝ го честитаат празникот посветен на жената со емотивна порака.