Држеа лекции за љубов, а сега се разведуваат: Пукна тиквата после само 4 години во брак

Фото: Profimedia

Џејсон Мамоа и Лиза Бонет се разведуваат по 4 години брак!

Тие ја објавија оваа вест преку заедничка објава на Инстаграм.

„Сите го почувствувавме притисокот на овие променливи времиња... Промените се случуваат, а ниту нашето семејство не е имуно...“ ја започна парот пораката.

Двајцата рекоа дека не ја споделуваат оваа вест затоа што сметаат дека вреди да се знае, но дека е фер и достоинствено да ги известат сите.

„Љубовта меѓу нас продолжува, еволуирајќи на начинот на кој таа сака да живее. Се ослободуваме еден со друг за да бидеме она кон што се стремиме“.


Тие ветија дека ќе продолжат да се фокусираат на своите деца! 

Џејсон (42) и Лиза (54) се во брак од октомври 2017 година, а во врска од 2005 година.Заедно имаат две деца: Лола и Накоа-Вука.

Двојката веќе некое време не е видена заедно, а Лиза не се појави на последната филмса промоцијата на нејзиниот сопруг.


Извор: stil.kurir.rs