Дури тројца победници на „Никогаш не е доцна“: Еден од нив е Македонецот Бобан Цаневски кој доби најмногу СМС гласови

Вчера се одржа финалето на седмата сезона од популарното музичко натпреварување „Никогаш не е доцна“.

Победниците од оваа сезона ќе добијат песна како награда, како и реклама од „Гранд продукција“.

Годинешните победници беа избрани во три категории, па така победник на гласовите од Фејсбук е Дубравко Биондиќ - Дуба, кој се расплака на сцената, додека Македонецот Бобан Цаневкси освои најмногу СМС гласови.

На крајот, стручното жири, кое го сочинуваа популарни пејачи од јавната сцена и кои гласаа по евровизискиот систем, ги подели своите гласови, поделувајќи им од 1 до 12 поени на натпреварувачите.

Стручното жири го прогласи Амер Ченгиќ Ченга за најдобар според нивното мислење и критериуми. А она што е интересно е дека Ченг го имаше најинтересниот стајлинг од сите учесници. За оваа пригода избра шешир и тексас комплет.

Нашиот Бобан освои дури 1892 СМС гласови, а неверојатна среќа и шок следеше на лицето на Цаневски кога публиката го поздрави со огромен аплауз.

Жељко Самарџиќ му ја подари победничката статуа со честитки.

Еден од настапите на Бобан:


извор:nova/blic