Две места во Грција кои се најбезбедни за летување во екот на коронавирусот

Порталот „Европски најдобри дестинации“ објави две места во Грција кои сега се најбезбедни за посета

„European Best Destinations“, туристички портал што промовира култура и туризам во Европа, прогласи две дестинации во Грција кои се најбезбедни за посета ова лето.

Овој портал пишува дека Грција е една од најмалку погодените земји со короавирусот во Европа.

Првата дестинација е островот Крф, опишан како рајски остров во Грција кој е совршено место за полнење на вашите батерии после стресниот период.

Фото: pixabay.com

- Крф е место каде што сакате да бидете ако сакате да комбинирате релаксација, сонце и природа - пишуваат тие.

На второ место како најбезбедна точка на Грција е Превеза.

Фото: Shutterstock

- Превеза е одличен избор за совршен семеен одмор на една од најбезбедните дестинации во Европа. Превозот е дефинитивно безбедна дестинација. Опкружен е со 3 болници и е оддалечен само 10 минути од аеродромот.