Две жени ќе го раководат Скопје: Градоначалничката Данела ја знаеме, но која е нејзината заменичка- Бујаре Абази?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за нова заменик- градоначалничка на Скопје.

Арсовска ѝ го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот.

Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.

Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година.

Родена на 11 април 1966 година.

Студиите ги завршила со одличен просек, со што се стекнала со звање посттелекомуникациски инженер. Бујаре Абази има дипломирано и на Економскиот факултет на „Универзитет во Тетово“. Нејзиното работно место до сега беше „Македонска пошта“.

Абази исто така е мајка на три деца, а една од нејзините ќерки е Вигиланс Абази - девојка која предава на многу престижни универзитети како Харвард, Мастрихт итн.

Фото: Фб профил Данела Арсовска и Бујаре Абази