Двојно самоубиство: Брат и сестра во живо ја пренесуваа сопствената смрт

Младо момче и девојка од Киев во живо на социјалните мрежи ја пренесуваа својата смрт. Имено, тие се снимале во живо дека скокаат од 24-от кат на зграда во која престојувале привремено.

На вознемирувачкото видео се гледа како млад човек и млада девојка скокаат од балконот држејќи се за раце, а можат да се слушнат и последните зборови што младиот човек и ги кажал на својата сестра пред да скокне.

„Те сакам“, се слуша на снимката.

Локалните медиуми јавуваат дека тинејџерите се самоубиле во понеделникот во 11:10 часот во зградата каде што претходно изнајмиле стан.

-Момчето живеело во сиропиталиште до својата десета година, додека девојчето до својата четиригодишна возраст.Наводно, тинејџерите активно користеле дрога и биле депресивни, рекол извор од истрагата.

Ден пред самоубиството создале телеграмски канал наречен „The Walking Dead“ и 30 минути пред трагедијата објавиле десетици видеа со иста таква содржина.

Забележани се и како консумираат наркотици, а според нив шмркале мефедрон и пушеле марихуана. Тинејџерите изјавиле и дека минатиот понеделник „одлучиле да се самоубијат“ и дека „цела недела им била тешка“, пренесува Б92.

Фото:Printscreen/X