Џејн Фонда на насловна страница по повеќе од шест децении: На првата фотка има 22, а на втората 84 години и жено, капа долу! (ФОТО)

Легендарната актерка Џејн Фонда по 63 години повторно се најде на насловната страница на мајското издание на магазинот „Гламур“ .

Насловната страна на „Гламур“ комбинира нова фотографија на Џејн Фонда и насловна од 1959 година. За оваа специјална фотосесија, светски познатата актерка облече винтиџ фустан од модната куќа „Гучи“.

Велат дека за секого има вистинско време, па оваа повратна насловна дојде во вистинско време - кога Џејн е во најдобрите години. А ги има 84!

View this post on Instagram

A post shared by Glamour (@glamourmag)



Браво, Џејн!

Животни лекции на Џејн Фонда

Да се ​​потсетиме и на важните животни совети на познатата актерка.

„Кога требаше да наполнам 60 години, сфатив дека се приближувам до мојот трет чин - завршниот чин и дека тоа не е „генерална проба“, изјави Џејн Фонда во интервјуто со писателката и актерка Јара Шахиди.

Оскаровката, која во декември ќе наполни 85 години, во таа прилика изјави: „Она што со сигурност го знаев е дека не сакав да го завршам животот со многу каење. Сфатив колку е важно да се помине животот со цели. 

Џејн Фонда е една од најважните американски и светски актерки. Покрај тоа, таа е писателка, активист и поранешен модел.

Насловните страници не се исклучок кога станува збор за Џејн, која неколку пати ја красеше насловната страница на „Вог“, и во младоста и во зрелите години. Насловната страна на „Гламур“ е секако посебна и за која долго ќе се зборува.


ФОТО: Инстаграм