Еден фустан, 8 бутици и секаде изгледа различно: Девојка откри како „нѐ мамат“ во бутиците (ФОТО)

Манипулации со светла и огледала во соблекувалните - сте приметиле ли како во некои соблекувални изгледате повитки, додека во други ви е истакнат секој недостаток на телото?!

Бри Ленехан од Австралија ги разбранува социјалните мрежи откако објави фотографии кои ги направила истиот ден, во иста облека, но во осум различни продавници.

Бри сподели низа фотки на социјалните мрежи, на кои се гледа како осветлувањето и огледалата во кабините за пресоблекување во различни продавници, ја прават да изгледа сосема поинаку во секоја од нив. 

25-годишната девојка е фотографирана во ист розов фустан во осум различни продавници за да докаже дека кабините и огледалата во нив се всушност еден вид „оптички илузии“.

На некои фотографии може да се забележи дека силното осветлување над главата „фрла“ непријатна сенка на телото и на тој начин ги истакнува сите негови недостатоци, секое „испакнување“ како стомакот или „перниците“ на колковите. Бри рече дека забележала дека огледалата во соблекувалните се разликуваат од продавница до продавница.


„Некои користат манипулација со огледало за да ги измамат клиентите да мислат дека се послаби или повисоки кога пробуваат облека“, објасни таа.

„Другите продавници користат помеко осветлување за да ги сокријат „наслагите“ што сите ги имаме на нашето тело. Но, има и продавници кои користат широки огледала или остро осветлување што фрла сенка на телото и ги истакнува сите недостатоци. Ако ме прашате мене, јас немам ништо против да ми се гледаат овие „несовршености““, заклучи Бри.

„Ве молам, не дозволувајте вашиот одраз во огледалото да ви го уништи денот. Вие сте многу повеќе од вашиот изглед“, рече таа.

Бри реши да ги сподели фотките за да ги потсети сите „да не се споредуваат со другите на Интернет и нивните наводно совршени животи и фигури“.

„Нема ништо лошо во тоа да имате стомак, целулит, стрии, лузни, спуштени колкови или нешто друго. Повеќето од нас го имаат тоа“, вели таа по што доби многу коментари за благодарност што зборува на оваа тема.

View this post on Instagram

A post shared by ✩ BREE LENEHAN ✩ (@breeelenehan)


Бри е инаку позната по нејзината љубов да ги разбива митовите за изгледот на Инстаграм, па често ја открива реалноста зад добро поставените фотографии. Таа не се двоуми да го покаже своето тело и како тоа изгледа при спонтано фотографирање.

извор:zenablic