Елон Маск ја напушта Силиконската долина? Светското технолошко жариште ја губи силата и влијанието

„Tesla“ веќе ја гради својата фабрика во оваа држава, додека SpaceX има и свои погони

Шефот на Tesla и SpaceX, Елон Маск, уште во мај годинава објави дека производителот на електрични возила може да ги премести своите седишта и идните програми во градот Невада, Тексас.

Таа идеја се чини дека е се поблизу до реализација, бидејќи Маск предвидува полоша иднина за Силиконската долина, односно Калифорнија, каде што моментално е со седиште неговата компанија.

Како што вели тој, "технолошкото жариште може да го изгуби своето влијание. Тој изјави дека" Калифорнија имаше премногу влијание во светот, но дека нејзината моќ сега опаѓа".

Засега се знаеше само дека Тесла ќе ја гради својата нова фабрика во Остин, Тексас, додека Спејс Икс веќе има свои погони во таа држава.

- Живеењето во Калифорнија не мораше да значи големо губење на моето време - рече овој милијардер во една прилика.


Републиканскиот сенатор Тед Круз, кој го претставува Тексас, ја поздрави идејата на Маск преку Твитер, пишувајќи дека „Тексас го сака бизнисот и ќе му биде задоволство на Маск да дојде токму таму“.

Со оглед на статусот што го стекна овој Американец, заедно со неговите компании, јасно е дека тој сега може да избере каде сака да живее и работи, без страв дека неговите бизниси нема да добијат поголема важност доколку бидат „изолирани од центарот на настаните“.

Имено, Силиконската долина, патем, започна да претставува товар за многу компании и газди, поради високите трошоци за живот, но и изразената стапка на криминал.

Друга компанија минатата недела објави дека го напушта овој дел на САД. Хјулит-Пакард исто така планира да се пресели во Тексас, во Хјустон.


Фото: Твитер