Ако ова е последен пат да скокам, ќе скокам како дете цела ноќ: Давид Темелков емотивно за туморот од 6cm на ногата
Македонскиот пејач Давид Темелков кого публиката го запозна по учеството на втората сезона на регионалното музичко шоу „Икс фактор Адриа“ како еден од фаворитите, години наназад, гради успешна кариера во Хрватска, каде и ја запроси својата партнерка Елена Јунг.
Овој пат на својот профил на Инстаграм Давид сподели една емотивна исповед за изминатата година која му донела многу потешкотии- се соочил со тумор од 5,7 сантиметри на десното стапало кој можел да доведе до инвалидитет на стапалото. Но со верба во Бога, тој ги препродил страшните прогнози.
- Се сеќавам дека неколку дена пред операцијата имав настап и цел натсап скокав. Си помислив „Ако е ова последен пат да скокам, ќе скокам како дете цела ноќ - пишува тој.
Целата исповед во продолжение:
„Една година подоцна.. ист ден...
Оваа сторија ја пишувам со насмевка на лицето и не мислев да ја споделам јавно.. не знам зошто, но можеби некому ќе биде охрабрување, баш такво какво што на мене ми требаше пред една година!
Минатата година започна жестоко, така што веднаш по Нова Година дознав дека на десната нога, во Паронеалниот нерв кој ја движи ногата, имам тумор со големина од 5.7цм..
Докторот кој ме прегледа јасно ми искомуницира дека ситуацијата е сериозна и дека постои можност од 98% за инвалидитет на десното стопало и дека ќе остане неподвижно и нема да има функција..
Дека тој ќе даде сè од себе за да спаси што може да се спаси но дека е видливо како туморот веќе го има оштетено нервот..
Нема да кажам дека таа информација не ме погоди.. Ме погоди! Но во првите 10 минути..
Седнав во кола и почувствував како телото ми гори..
Не знаев како да им го соопштам тоа на најблиските..
По кратка тишина, на глас си реков "Господе, сè е во Твои раце.. Ако е ова Твоја Воља, достојно ќе ја понесам.. ќе пеам на штаки, во количка, ќе седам на работ на бината и ќе пеам да те прославам колку ме држи глас! Сум победил многу битки, спремен сум и за оваа!"
До денот на операцијата не дозволив да ме изеде психата, напротив.. Се радував на секој нов ден и на сите нови обврски, на секој тренинг, на секој концерт.. Фокусот ми беше остар!
И гледај Чудо.. Операцијата помина одлично!!!
Стопалото сеуште не е на 100%, ама духот е!
Само Господ знае зошто ни дава искушенија, и Фала Му за сè!
Огромна благодарност и до професорот Раде Жиц кој веруваше и во оној 1% дека може да се спаси стапалото и што ми овозможи цврсто да чекорам према целите и соништата!
Животот е чудо, сите имаме воздигнувања и падови, но кога ќе паднеме најважно е да станеме и да продолжиме!
Не се откажувајте од вербата.. Верувајте!
Верувајте во Добро, верувајте во чуда.. Верувајте во Љубов.. и да бидеме благодарни!
Благодарни на Бога за сè што имаме и немаме!
Не ми замерувајте, долга е сторијата ама е од срце! “