Пејачот Давид Темелков јавно ја побара за жена хрватската водителка, на концерт пред публика: Елена е тука и кога врне и кога грми
На романтичен начин, пред целата публика на неговиот концерт во Нова Градишка во Хрватска, македонскиот пејач Давид Темелков ја побара за жена својата сакана Елена Јунг.
Давид публиката го запозна по учеството на втората сезона на регионалното музичко шоу „Икс фактор Адриа“ како еден од фаворитите, и години наназад, тој гради успешна кариера во Хрватска.
За запросувањето на кое воодушевено реагираше целата публика, пишуваа хрватските медиуми, а прв, видео од овој убав чин објави водителот Далибор Петко.
-Пред сé поздрав до сите оние кои
читаат "Женски магазин".
На многумина им е чудно и интересно што Елена како Хрватица, носи едно старо и убаво македонско име. Најчесто
луѓето знаат да искоментираат дека
ништо не е случајно, па ни нејзиното име во нашата заедничка приказна која трае
6 години“, ни изјави
Давид откако ги среди впечатоците од настанот. Елена е инаку позната водителка
на музичкиот канал CMC.
-Запросувањето се случи на неодамнешниот концерт кој го одржав во Нова Градишка.. Концерт кој беше навистина прекрасен. Пред сé сакав да ѝ се заблагодарам на Елена што е моја поддршка во сè, што е тука и кога врне и грми, но и кога грее сонце и што е причина за многу мои авторски песни“, рече Давид кој неодамна ја сними песната „Не кревај раце“ на македонски и на хрватски јазик.
Тамошните медиуми на шега велат дека за сè е виновен Тони Цетински, кој е добар пријател и соработник на Давид.
-Со Елена се запознавме по завршувањето на концертот на Тони Цетински во Пулската Арена, 2015 година, каде што настапив како гостин. Започнавме нешто за кое не бевме свесни, нешто што сèуште трае“, раскажа пејачот за својата љубовна приказна.
-Најубавата карактеристика што ја краси Елена е чистата душа и искреното срце. Тоа е нешто со коешто човек се раѓа и што го краси дур е жив!“, вели Давид за својата сакана. Идните младенци уште го немаат одредено датумот на венчавката, ниту тоа каде ќе живеат, со оглед на тоа што Давид често патува на реалција Македонија-Хрватска.
-Животот во мојата професија е непредвидлив и никогаш не се знае каде ќе нè однесе и каде ќе одлучиме да живееме.. но најмило ми е што каде и да одам, имам каде и кај кого да се вратам! Моменталната ситуација е исто така непредвидлива, за да можеме да планираме било што. Од ден во ден се менуваат мерките, рестрикциите и одлуките поврзани со корона ситуацијата, можеме само да се надеваме дека наскоро сè ќе помине и ќе се вратиме во нормала!“, открива пејачот.
На музички план, по синглот "Не кревај раце", Давид полека полека подготвува нов сингл и нов видео спот за на есен. „Не би сакал да откривам прерано за
што се работи, само се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката!“, порачува
Давид.
М.Џаровска