Денес ја славиме Света Лидија: Како нејзината куќа станала прва црква (храм) во Македонија

Добивај вести на Viber

Денес се празнува Света Лидија Македонска, а именден слават сите кои го носат нејзиното име. 

Света Лидија е родена во Тијатир, денешен Ак-Хисар, во Мала Азија, во првиот век. Лидија се сметала за богобојазлива, и била продавачка на пурпурни ткаенини и бои.

За своето доаѓање во Македонија првиот проповедник на Евангелието за незнабожците беше поттикнат од Светиот Дух во видение. Бидејќи, кога апостолот и браќата што беа со него дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија, Духот Свети не ги пушти. И кога ја напуштија Мизија, слегоа во Троада. 

Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ (Дела 16, 7–9). Надвор од градот Филипи при една река, сведочат апостолите во Делата Апостолски, беше едно место каде што доаѓаа од градот оние што имаа обичај да се молат. Меѓу таму насобраните жени Господ ѝ го отвори срцето на богобојазливата Лидија да внимава на зборовите Павлови. А кога се крсти таа и целиот нејзин дом, ги молеше кај неа да живеат Павле и оние што го придружуваа (апостолите Сила и Тимотеј), велејќи: „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа.” (Дела 16, 15). Според преданието, Лидија станала ѓакониса во Филипи, а нејзиниот дом бил претворен во дом за молитва, односно во црква, и тоа е првата христијанска црква на тлото на Европа.

Извор: денови.мк

ЛИДИЈА: Откријте го значењето на името и какви се луѓето кои го носат