Емотивна објава на Николина Пишек: Ме праша - од каде да знам дека и ти нема да заминеш? (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Николина Пишек се најде сред скандал по смртта на нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ, и сето тоа поради расправија за наследството со нејзиниот свекор Мишо Гроф.

Во најтешките моменти по смртта на сопругот, двете ќерки ѝ даваат најголема поддршка и љубов. Николина неодамна објави фотографија со помалата ќерка Уна Софија, и допре со сечие срце со емотивниот опис: 

„Ни рекоа - чекор по чекор.

Така и почнавме.

Една покрај друга, рака под рака, обединети стравови и обединети надежи.

Ме праша - како да знае дека јас нема да заминам?

Почнуваш да ја разбираш конечноста на сè.

И дека од неа излегува нова убавина - од ден на ден, мали победи, нога пред нога, и еден ден ќе погледнеш нагоре и ќе сфатиш дека си се искачил на планината чие подножје те плашело.

И тука сме.

Чекор по чекор"


Да потсетиме, Николина Пишек претходно изјави дека свекорот нејзе и на нејзината ќерка им ги ускратува законски наследените права.

„На невистинитите и груби инсинуации на мојот свекор, г-дин Витор Ристовиќ, или како што вие го нарекувате Миша Гроф, сите мои апели до таткото на Видоје во однос на имотот беа исклучиво насочени кон остварување на законските наследнички права, кои тој за жал грубо ги негира кон мене и нашата ќерка. Таткото на мојот сопруг не е негов законски наследник и нема право да располага со имотот на Видоје кој неоправдано го присвоил“- изјави таа.

View this post on Instagram

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


Извор: www.b92.net