Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Драстична промена: Ксенија Николова стана бринета
Писателката Ксенија Николова се одлучи да направи драстична промена на себеси. Имено станува збор за нејзината боја на коса, која реши да ја промени после долги години како русокоса.
Таа ја избра бојата која е хит оваа есен и прејде во бринети, а за промената вели дека е пресреќна.
- Цел живот имав светла коса, а потајно сакав промена. Многу луѓе кажуваат дека на светли очи совршено прилега темна коса и во мојот случај - во право се- напиша под фотографиите на Инстаграм.
Инаку летово писателката стапи во брак со нејзиниот партнер кој го крие далеку од очите на јавноста.