(ФОТО) Драстична промена со боја на коса како пред 20 години: Шакира веќе не е русокоса

Познатата Колумбијка веќе не изгледа како порано!

Колумбиската пејачка Шакира е верна на својата виткана коса во карамел-руса нијанса, долги години, па нејзината желба да го смени изгледот драстично шокираше многумина.

Имено, познатата пејачка стана црвенокоса!

Таа во видео покажа како ги пегла своите кадрици, а на многумина не им се допадна нејзиниот експеримент со изгледот, па затоа ѝ искоментираа што побрзо „да се врати на старото“.



„Сакав розова коса“, рече 44-годишната пејачка која оваа трансформација ја изврши сама дома, но за време на бојадисувањето на косата остана без боја, па импровизираше додавајќи друг производ што ја појачуваше бојата и вака Шакира стана црвенокоса!

Инаку, таа имаше црвена коса и на насловната фотографија на албумот со компилација од нејзините најголеми хитови од 2002 година.

извор: GLOSSY