(ФОТО) Дунавка Трифуновска се вери: Кој е нејзиниот избраник?

Познатата и една од најкоментираните манекенки на социјалните мрежи, Дунавка Трифуновска летово се пофали дека има ново момче, а сега „рипна во тавче“.

Имено нејзиниот партнер Ване Цветанов, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, самостојно и независно регулаторно тело во земјава, како и претседател на гражанското здружение „Зелена Лупа“, кое се занмава со надзор на судските процеси, и кому денеска му е роденден, веридбата ја објави на својот профил на Фејсбук, каде добива бројни честитки од своите познаници и пријатели. 

Од фејсбук профилот на Цветанов може да се види дека тој и неговата избраничка Дунвка Трифуновска, за новогодишните празници уживале на охридското крајбрежје.

*(ФОТО) Непрепознатлива: Дунавка Трифуновска не е повеќе русокоса, тотално го промени имиџот