Култура // Настани
(ФОТО) Лозано ја гушна публиката најјако
Хитовите на Лозано го наполнија платото пред А1 Арената во Скопје, на настанот А1 World of Music кој е во тек. Неколку илјади фанови уживаат во настапот на поп-ѕвездата кој беспрекорно звучи со својот бенд. Визуелно, најинтересен дел од настапот на Лозано беше точката со оган. "Километри", "Јако јако", "Мајко" , "Надеж" ,станаа химна на сите генерации. Следи настапот на Каролина Гочева со Филхармонија.
М.Џ.
Фото:В. Тануровски