(ФОТО) Најголемата елка на естрадата: Домот на Драгана Мирковиќ е празнична фантазија

Балканската фолк дива Драгана Мирковиќ обожава луксуз и честопати ни покажува дека ужива во него. Самиот факт дека живее во замокот Ебенфурт во близина на Виена ни кажува многу за начинот на живот на оваа пејачка. Сепак, ретко ја дели внатрешноста на својот дом со јавноста, но овој пат направи исклучок и се пофали со својата раскошна елка на своојот профил на Инстаграм.

„И оваа година без декоратор“, напиша Драгана за фотографиите. Елката, која достигнува скоро до самиот таван на собата, е покриена со црвени украси и лампиони. Највпечатлив детал се фигурите на Дедо Мраз во различни големини, како на елката како украси, така и околу самата елка.


Пејачката мислела на сè, па под новогодишната елка има подароци завиткани во црвена хартија. Нема сомнение дека темата на овогодинешното украсување на српската пејачка, е црвената боја, што потсетува на љубов.

Фото: Инстаграм профил на Драгана Мирковиќ


*(ФОТО) Го покажа вистинското лице: Драгана Мирковиќ без шминка на 52 години