(ФОТО) Нина Јанева стана мајка: Бебето доби специфично име

Пејачката Нина Јанева-Николовски стана мајка за првпат. Таа на свет донесе женско дете кое го доби името Арија.

Таа оваа радосна вест ја сподели на својот профил на Фејсбук, посочувајќи дека дури сега ја сфатила смислата на нејзиниот живот.


Значењето на ова име е многу специфично. Имено „ариа“ е песна на Италијански јазик, додека на Хебрејки јазик значи „лавица пратена од Господ“

- Мотив во животот ми е љубовта, откако ја сретнав вистинската личност и сфатив дека со него и светот можам да го освојам. Ме мотивира желбата за семејство, за подобрување на квалитетот на животот, за искусување нови нешта.... Едноставно ме мотивира обичниот живот проткаен со семејството, пријателите, музиката и сите вредности на кои за жал во последно време малку им се обрнува внимание- откри Нина за Женски Магазин.

Може да ве интересира и: 

Славам втор живот и три родендени: Искрена приказна на Нина Јанева