Славам втор живот и три родендени: Искрена приказна на Нина Јанева

Пејачката Нина Јанева вели дека има три родендени. Првиот роденден го слави денеска, на денот кога е родена, вториот на 12 февруари, кога доживеала тешка несреќа на скијање во Банско, и 17 август како трет. 

Во август во 2014 година, таа доживеала незгода, откако кај пријателка на свадба, изгубила свест, паднала од сцената и удрила со главата во бетон. 

„ На мојата блиска другарка на свадба, сакав да ѝ ја испеам „Бато“ од Калиопи, како изненадување. Се качив на сцената во ресторанот, која е висока еден ипол метар. Песната заврши, и последно нешто на кое што се сеќавам е како губам свест и паѓам надолу од сцената. Со главата удрив во бетонот. Во левата рака го држев микрофонот и додека сум паѓала , сум се удрила со него по носот. Сега велам дека сум среќна што не било окото“, ни раскажа Нина. 

Пејачката која важи за еден од нашите најквалитетни вокали, вели дека од силниот удар, имала повреди на целото тело и ѝ требало околу три недели повторно да застане на нозе. „Здрава ми беше само десната нога“, додава Нина. Кога ги направила сите испитувања, лекарите ѝ рекле дека е здрава, но веројатно ѝ се доближиле притисоците поради високите температури и заморот. 

„ Ова беше несреќа која што за 5-6 милиметри не заврши фатално, туку само со скршеници и со операција. Пак ќе им се заблагодарам на вработените во Брза Помош, Ургентен Центар и клиника за ОРЛ“, вели Нина. 

Во приказната, таа се наврати и несреќата од Банско, која се случила во 2001 година кога имала 15 години. „Бевме на скијање со моите, и со татко ми бевме на стаза како и секој ден. Несреќа е што ни се погоди една многу замрзната патека. Јас се лизнав, паднав од скиите и летнав во провалија. Паѓав околу 20-30 метри надолу, и имав среќа што се закачив на една гранка. Не ме болеше падот толку колку тоа што не можев да скијам наредните денови. Завршив со потрес на мозокот“, ни ја раскажа својата приказна Нина.

Нина минатата година во октомври се омажи за Александар Николовски. „Симболично го избравме токму 19 октомври, затоа што и двајцата сме родени на 19, јас во јуни, а тој на 19 август“, ни изјави по венчавката таа. Нина облече интерсен црн комбинезон место венчален фустан, а венчавката беше само во кругот на најблиските. 

М.Џаровска