(ФОТО) По венчавката: Памела Андерсон ги затвори сите профили на социјалните мрежи!

Таа се повлекува кога и е најубаво

Памела Андерсон на Инстаграм објави дека засекогаш ги напушта социјалните мрежи.

"Ова ќе биде мојот последен пост на Инстаграм, Твитер или Фејсбук. Никогаш не сум била заинтересирана за социјалните мрежи,асега кога ми е убаво во животот, ќе следува читање и престој во природа. Слободна сум. Ви благодарам за љубовта и благослов за сите вас. Се надевам "ќе најдете сила и инспирација да ја следите вашата цел. Обидете се да не ве заведува потрошеното време. Тоа е она што ТИЕ сакаат - контрола над вашиот ум за да заработите пари", напишала Памела.

53-годишната актерка и активистка тајно се омажи за својот телохранител Ден Хејхурст на Бадник. Двојката се венча во нејзиниот дом на островот Ванкувер.

"Се омажив на имот што го купив од баба и дедо пред 25 години. Моите родители се венчаа тука и се уште се заедно", изјави таа за Дејли меил. „Се чувствувам како да направив целосен круг.

„Јас сум точно таму каде што треба да бидам - ​​во рацете на човек кој навистина ме сака“, додаде таа.

View this post on Instagram

A post shared by Pamela Anderson  (@pamelaanderson)



Фото: Инстаграм/pamelaanderson