(ФОТО) Се подмлади за 10 години: Моника Белучи има нова фризура

Добивај вести на Viber

Каде и да се појави, таа е суптилна, одмерена и елегантна.

Италијанската филмска дива Моника Белучи (55), викендов присуствуваше на церемонијата на затворање и на доделувањето на наградите на филмскиот фестивал Лумиер во францускиот град Лион.

Таа дојде на црвениот тепих, како и обично, многу елегантна - во фустан до под во боја на вино со потпис на модната куќа Диор, кој е украсен со суптилно деколте на градите и ракави што паѓаат лежерно.



Покрај прекрасната тоалета, Моника целото внимание кон себе го привлече и со новата фризура која ја претстави за прв пат, но нејзините обожаватели сè уште не се навикнати на оваа промена.


Драстично пократката коса во однос на нејзиниот претходен имиџ ја подмлади актерката, барем 10 години, а таа суптилно го нагласи целиот стајлинг со ефективни прстени, што ѝ дадоа дополнителен шмек.

Каде и да се појави, таа е суптилна, одмерена и елегантна, секогаш облечена во согласност со возраста и токму затоа нејзиниот стил на облекување, но и однесувањето е вистинска дефиниција за елеганцијата и софистицираноста по кои е позната со децении.

извор: zenskikutak.rs