(ФОТО) СЕКОГАШ ДО НЕГО: Која е мајката на Никола Груевски?
За јавноста стана интересна дури откако политичките опоненти на нејзиниот син ја обелоденија аферата со становите кои наводно ги поседува. Мајката на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, Надежда, е од Штип. Таа е сестра на првиот министер за внатрешни работи на независна Македонија, Јордан Мијалков. Ова е наведено и во биографијата на Груевски.
Фото: Фокус
За неговиот татко Тало кој потекнува од леринското село Крушоради се знае дека бил долгогодишен професор на Шумарскиот факултет на скопскиот Универзитет. Родителите на Груевски се развеле уште кога бил мал, па мајка му Нада одиграла важна улога во годините додека растел.
Секогаш до својот син, коментираат за Надежда оние што ја познаваат. Во јули годинава Груевски го бранеше докторатот на Економскиот факултет во Скопје и таа беше во првите редови.
Беше негова поддршка и на годишниот одмор на Груевски со сопругата и со ќерките во Турција. Речиси секогаш стоеше до него и на сите поважни јавни настани на кои говореше нејзиниот син.