(ФОТО) Сенузална трансформација на Адријана Лима: Манекенката ја исфарба косата
Познатата манекенка Адријана Лима ја потемни својата природна кафеава и изгледа апсолутно заводливо. Имено Лима на Канскиот филмски фестивал се појави во гламурозно црно издание.
Долгиот фустан го истакнуваа голите рамења, предниот шлиц, како и високиот струк кој е нагласен со црниот лакуван ремен со сребрено копче, додека посебна улога игра чипката- на рацете, како и на долниот дел од фустанот.
Оваа гламурозна креација е од пролетната колекција на руската дизајнерка Естер Абнер.
Со ваква впечатлива тоалета, беше сосема доволно изгледот да се заокружи со висечки дијамантски обетки.
Промената на бојата на косата, ги истакна светлите очи кај Андријана. Залижаната коса, црвениот кармин и ајлајнерот се повеќе од доволни за да остане забележана на ваков голем настан.