(ФОТО) Шишки кои стојат на сечие лице: Фризура од 70-тите што мора да ја пробате

Секој пат кога сакаме промена (и да бидеме искрени, тоа е барем 5 пати на ден), се гледаме во огледало и се задржуваме на косата. Боја, раст, должина, текстура, прамени ... Постојат многу работи што би ги смениле веднаш, а најчестата дилема е - шишки, да или не? Бидејќи шишките бараат посветеност и одржување; прашањето е дали сме подготвени за таков вид на обврска. И што ако се покаже дека тие навистина не ни одговараат?

View this post on Instagram

A post shared by MATILDA DJERF (@matildadjerf)


Затоа сме воодушевени од фризурата на инфлуенсерката Матилда Џерф, а сличен стил носи и мега популарната Џенифер Лопез. Слоевити, полудолги шишки кои непречено се спојуваат со долгите кадрици, врамувајќи го лицето и создавајќи впечаток на разиграност и волумен- стојат на сечиј облик на лице.

Оваа фризура ја прославија Фара Фосит и Бриџит Бардо во 1970-тите, а Џулија Робертс покажа како изгледа на виткана коса.

Фото: Profimedia