(ФОТО) Сијарто допатува во Скопје со 100.000 маски и 5.000 скафандери

Петер Сијарто, министерот за надворешни работи на Унгарија, претпладнево допатува со карго-авион во Скопје со помош за Македонија за време на справувањето со епидемијата предизвикана од корона вирусот, а го пречека техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

„Добредојде за Министерот за надворешни работи на Унгарија. Состојбата поврзана со пандемијата од Covid19 бара сплотеност, поддршка и разменување на искуства со нашите пријатели од целиот свет. Со цел операционализација на оваа помош, но и разменување на ставовите и гледиштата поврзани со соодветна превенција денес му посакав добредојде на Минстерот за надворешни работи на Унгарија, Н.Е. Петер Сијарто. Во текот на денот ќе оствариме билатерална средба во Министерството за внатрешни работи“, објави Чулев.

Претходно Чулев ја пречека и помошта испратена од премиерот на Словенија, Јанез Јанша, по што се создаде меѓупартиско препукување помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој ја обезбедил пратката.

Што има во помошта, што напиша Османи прочитајте на Фактор. мк